Како да препознаете квалитетен препарат од медицински канабис

Како да препознаете квалитетен препарат од медицински канабис

квалитетен препарат од медицински канабис
ОМ ЕЛИКСИР · ЕДУКАТИВНА СЕРИЈА 3/3

Како да препознаете квалитетен препарат од медицински канабис

Full Spectrum наспроти изолати, природен наспроти синтетски CBD, и разликата помеѓу трите „масла” со кои најчесто се манипулира потрошувачот. Практичен водич пред купување.

🔍 Водич за потрошувачи ⏱ 8 мин читање 🎓 Стручно ревидирано

Кога станува збор за екстракти од цвет од медицински канабис, приоритетот при оценка на квалитетот секогаш е едно исто прашање: колку е успеано да се зачува богатството што природата штедро му го подарила на ова растение? Одговорот не се крие во процентот на CBD на декларацијата — туку во она што стои зад него. Токму затоа препознавањето на квалитетен препарат од медицински канабис бара повеќе од читање на еден единствен процент.

01 — Клучна разлика

Full Spectrum наспроти изолат

Целта на процесите на екстракција е, преку внимателно стандардизирани услови, да се „извлечат” и концентрираат што повеќе биолошки активни компоненти на растението — со максимално избегнување на постапки кои го нарушуваат природниот биолошки сооднос. Затоа најзначајната вредност на секој финален производ е инкорпорирањето на целосно природен, потполен, полновреден „Full Spectrum” екстракт, добиен со внимателно водена „ладна” постапка на екстракција.

„Full Spectrum” екстракт

  • Ништо не е одземено ниту додадено од природниот состав
  • Прочистен единствено од восоци и масти
  • Сооднос CBD : THC идентичен со оној во самото растение
  • Задржан целосен синергизам на сите биоактивни компоненти
vs

Прочистен изолат / кристал

  • Цврста, прочистена канабиноидна структура
  • Често производ на органска синтеза
  • Висока содржина на еден канабиноид (и над 99%)
  • Занемарливо или никакво присуство на придружни соединенија

Нема простор за споредба на квалитетот и потенцијалот меѓу овие две категории. При изборот на масло од канабис, приоритет не треба да се даде на висината на процентот на CBD — туку на богатството и квантитетот на другите биоактивни компоненти во нивниот меѓусебен синергизам.

02 — Скриена манипулација

Што се случува кога екстрактот се „збогатува” со CBD кристали?

За да се постигне повисока содржина на CBD, а истовремено да се задржи максималниот праг на толеранција од 0,2% THC, честа практика е збогатувањето (фортификацијата) на природниот екстракт со додадени CBD кристали. Овие кристали можат да бидат природни изолати (добиени со прочистување на CBD-доминантни екстракти) — или, уште почесто, целосно синтетски „чисти” CBD кристали, производ на органска синтеза.

Во двата случаи, со ваквата надградба се нарушува смислата на синергизмот: се постигнува зголемено присуство на CBD, но со намалено присуство на сите останати вредни конституенти. Кога ова не е јасно декларирано, потрошувачот добива производ со висока содржина на канабиноиди, растворени во неутрално масло, под ознака „производ од природен CBD екстракт” — а очекуваните бенефити најчесто се неостварливи.

„Надградбата на содржината на нативниот CBD преку целно збогатување со кристална форма, без точна декларација, претставува начин на манипулирање на потрошувачот.”

03 — Читање на декларацијата

Квалитетен препарат од медицински канабис: листа за проверка

1

Дали е јасно означено дека станува збор за „Full Spectrum” екстракт — односно дека ништо не е додадено ниту одземено, освен восоци и масти?

2

Ако е збогатен со дополнителна количина на CBD, дали е јасно нагласено дека станува збор за „природен екстракт, збогатен со CBD”, со точен сооднос на двете форми?

3

Дали е наведено со каква форма на CBD е извршено збогатувањето — природен изолат или синтетски добиен кристал?

4

Дали декларацијата ги разграничува киселата (CBDA/THCA) и неутралната (CBD/THC) форми на канабиноидите, наместо само вкупен процент?

5

Дали е наведен методот на екстракција и дали е конзистентен за секоја серија на истиот производ?

Разликата помеѓу киселата и неутралната форма не е само техничка деталност. Свежото растение примарно ги содржи канабиноидите во карбоксилирана/кисела форма — хидрофилна, растворлива во вода, која тешко ги минува масните бариери во организмот. По контролирана декарбоксилација, тие преминуваат во неутрална, липофилна форма, со подобра ресорпција и поизразен потенцијал.

04 — Три различни поими

Масло од коноп, масло од медицински канабис и масло од семе од коноп

На пазарот често се мешаат три различни термини — а разликата меѓу нив е значајна и за составот, и за намената на производот.

Hemp Oil

Екстракт од индустриски коноп. Ниско присуство на CBD (до ~20%), незначителен THC, пониско присуство на терпени.

Medicinal Cannabis Oil

Екстракт од медицински канабис, најчесто со супер-критична CO₂ екстракција. И над 85% примарен канабиноид, богат Full Spectrum состав.

Hemp Seed Oil

Ладно цедено масло од семе на индустриски коноп. НЕ содржи канабиноиди. Диететска и козметичка употреба.

Доколку декларацијата не прави јасна дистинкција меѓу „индустриски” и „медицински” коноп, самиот поим „коноп” укажува на херба со примарно низок процент на CBD и занемарливо присуство на THC и други канабиноиди. Со хибридизација се добиени вариетети на медицински коноп, кои се доминантни во CBD-содржина — а нивните екстракти содржат значително повисок процент на CBD од хербата и екстрактите добиени од индустриски коноп.

05 — Безбедност

Аспекти на квалитет кои не смеат да се прескокнат

Покрај биолошкиот состав, значаен аспект на квалитет е отсуството на контаминанти — здравствената безбедност на препаратот. Тоа подразбира сообразност со строго лимитираните граници на толеранција за:

Пестициди
Тешки метали
Резидуални органски растворувачи
Микотоксини (афлатоксини, охратоксин)
Микробиолошка чистота
Растителен материјал од лиценцирани одгледувачи

Финалниот екстракт, добиен со супер-критична CO₂ екстракција при која се користи CO₂ со фармацевтски квалитет (pharma-grade), не содржи резидуални органски растворувачи ниту други контаминанти. Спротивно на тоа, кај екстракти набавувани надвор од контролиран синџир, произведени во нестандардни услови, реален е ризикот од присуство на штетни растворувачи кои тешко се отстрануваат од финалниот производ.

ℹ️

Важна напомена: Оваа статија е информативна и не претставува медицински совет ниту препорака за самостоен избор без консултација. Магистралните препарати од медицински канабис се изработуваат исклучиво според докторска проскрипција.

ОМ ЕЛИКСИР · МАГИСТРАЛНА ЛАБОРАТОРИЈА

Секој влезен екстракт, потврден од акредитирана лабораторија

Во нашата магистрална подготовка користиме исклучиво стандардизирани, лабораториски потврдени Full Spectrum екстракти — со целосна следливост на составот, од растението до Вашиот препарат.

Прашајте нè за составот →
Крај на едукативната серија. Прочитајте ги и делови 1/3 (Науката зад канабисот) и 2/3 (Законската рамка во Македонија).
Врв