Оваа Политика за поврат на средства се однесува на сите производи нарачани преку онлајн аптеката ОМ Еликсир (omeliksir.mk), во сопственост на ПЗУ ОМ Еликсир. Со нарачка на производ преку веб-страницата, купувачот ги прифаќа условите наведени подолу.
Важно за препаратите со лекарски рецепт: Магистралните препарати од медицински канабис и другите магистрални препарати се изработуваат индивидуално, по конкретна докторска проскрипција за конкретен пациент. Согласно фармацевтските прописи, ваквите препарати не подлежат на враќање или замена откако ќе бидат подготвени и издадени, освен во случај на докажан производствен недостаток. Оваа рамка е дополнително објаснета во Точка 3.
01Право на откажување при купување од далечина
Согласно Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да се откаже од договорот склучен од далечина (онлајн нарачка) во рок од 14 (четиринаесет) календарски дена од денот на приемот на производот, без да наведе причина, за производите за кои тоа право не е исклучено согласно Точка 3 подолу.
За да го остварите ова право, потребно е да нè известите писмено, по електронска пошта на apteka@omeliksir.mk или телефонски на 078/642-722, пред истекот на наведениот рок.
02Услови за прифатлив поврат
За производите за кои е дозволен поврат согласно Точка 3, за да биде прифатен, производот треба да ги исполнува следните услови:
- Да не бил отпакуван, отворен или употребен;
- Да е во оригиналната, неоштетена амбалажа, со сите пломби, налепници и заштитна фолија недопрени;
- Да е придружен со фискална сметка или друг доказ за купување;
- Да не му истекол или наближил рокот на употреба во моментот на враќање.
03Производи исклучени од право на поврат
Согласно природата на фармацевтските производи и важечката регулатива, следните категории производи се исклучени од правото на откажување и поврат, освен во случај на докажан производствен недостаток или погрешно испорачан производ:
| Категорија на производ | Можност за поврат |
|---|---|
| Магистрални препарати (вклучително препарати со екстракт од медицински канабис), изработени по лекарски рецепт | Не подлежат на поврат |
| Лекови кои се издаваат со рецепт или без рецепт, откако амбалажата е отворена | Не подлежат на поврат |
| Производи чие пакување е отворено од хигиенски или здравствени причини (дермокозметика, производи за лична нега, дијагностички тестови) | Не подлежат на поврат |
| Производи со краток рок на употреба во моментот на испорака | Не подлежат на поврат |
| Додатоци на исхраната, козметика и останати производи, во оригинална, неотворена амбалажа | Подлежат на поврат во рок од 14 дена |
| Производи испорачани со фабрички недостаток или оштетени при транспорт | Подлежат на замена/поврат |
04Оштетени или погрешно испорачани производи
Доколку примениот производ е оштетен, неисправен или не одговара на нарачаното, Ве молиме контактирајте нè во рок од 48 часа од приемот, со приложена фотографија на производот и амбалажата. По потврда на рекламацијата, обезбедуваме бесплатна замена или целосен поврат на средствата, вклучувајќи ги и трошоците за испорака.
05Постапка за поврат
- Контактирајте нè по е-пошта или телефон, наведувајќи го бројот на нарачката и причината за поврат;
- По одобрување, производот се враќа на адресата на аптеката, за сметка на купувачот (освен во случаите од Точка 4);
- По приемот и проверката на производот, поврат на средствата се извршува во рок од до 14 работни дена;
- Средствата се враќаат преку истиот начин на плаќање користен при нарачката, освен ако не е поинаку договорено.
06Откажување на нарачка пред испорака
Нарачка може да се откаже без надомест доколку истата сè уште не е испратена. За магистрални препарати, откажување е можно единствено пред започнување на постапката на магистрална изработка, со оглед на индивидуализираниот карактер на овие препарати.
07Поврат на средства при погрешна уплата
Доколку при плаќање со платежна картичка преку веб-продавницата дојде до погрешна уплата, ќе извршиме поврат на средствата. Правото се остварува со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датумот на погрешната уплата и точниот износ.
Писменото барање, заедно со трансакциската сметка на купувачот, се доставува на е-маил адресата apteka@omeliksir.mk. Поврат на средствата се врши во рок од 5 работни дена од приемот на целосното писмено барање.
08Контакт за прашања поврзани со поврат
За сите прашања поврзани со оваа политика, поврат на средства или рекламации, стоиме на располагање преку следните контакти: