Calendula officinalis · Helichrysum arenarium · Hypericum perforatum · Symphytum officinale · Achillea millefolium
Calendulae flos, Helichrysi flos, Hyperici flos, Symphyti radix, Millefolii herba
Растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа
Мешавина од пет традиционално користени растенија, погодна за секојдневна нега на сува, дехидрирана и осетлива кожа, независно од возраста. Невенот длабински ја хидрира и ја затегнува кожата, смиљот придонесува за порамномерен тен и го ублажува видливото црвенило, а гавезот ја смирува и ѝ помага да ја задржи влажноста.
Растителни состојки
- Невен — флавоноиди, каротеноиди, тритерпенски сапонозиди, витамин Ц и Е. Длабински хидрира, ја затегнува кожата и ја намалува видливоста на брчките.
- Смиљ — етерично масло богато со монотерпени, феноли и флавоноиди. Го подобрува изгледот на зрелата и сува кожа и ги измазнува ситните брчки.
- Гавез — алантоин, танини и слузи. Ја смирува кожата и помага во задржувањето на влажноста.
- Кантарион — хиперицин, хиперфорин, флавоноиди. Пријатно ја смирува сувата и осетлива кожа.
- Ајдучка трева — етерично масло со алфа-пинен и цинеол, флавоноиди и сесквитерпени. Благопријатно делува на осетлива кожа.
Препарати од овој мацерат
- Растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа
- Мелем со растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа
- Емулзија со растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа
- Крема со растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа
- Крема со растителен маслен мацерат за нега и потхранување на сува, иритирана и воспалена кожа