Често поставувани прашања
ОМ ЕЛИКСИР · ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Сè што треба да знаете за магистралните препарати од медицински канабис
Одговори на најчесто поставувани прашања за составот, законската рамка и квалитетот на препаратите од медицински канабис — подготвени од фармацевтскиот тим на ОМ Еликсир.
Често поставувани прашања по категорија
Зошто канабисот денес се смета за едно од најзначајните растенија во медицината?
Канабисот е растение чија употреба, во вид на различни преработки, е позната уште од времето на древните цивилизации. По децении целосна прохибиција, денес доживува вистинска демистификација — неговиот терапевтски потенцијал често го споредуваат со потенцијалот на пеницилинот, поради исклучително богатиот биолошки состав кој растението го содржи.
Повеќе за составот на растението и научната позадина: Науката зад канабисот →
За регулаторната мрежа што веќе постои во телото: Ендоканабиноидниот систем →
Кои активни состојки ги содржи канабисот?
Канабисот содржи над 500 познати фитокомпоненти, од кои 120–140 се идентификувани канабиноиди. Дополнително, содржи над 140 терпени и терпеноидни соединенија, флавоноиди, каротеноиди и фитостероли, како и висок процент на есенцијални незаситени масни киселини, витамини (A, E, D, B-групата, C), минерали и редок протеин (едастин), сличен со хуманиот имуноглобулин.
Што е „синергизам" и зошто е клучен за потенцијалот на канабисот?
Синергизмот е заедничкото, поддржувачко дејство на сите фитокомпоненти во растението — канабиноиди, терпени, флавоноиди и фитостероли — коешто е многу поизразено од дејството на секоја компонента поединечно. Токму овој синергизам е основата на потенцијалот на екстрактите од канабис, а не изолирано единечно соединение.
Која е разликата помеѓу граничен производ и магистрален препарат од канабис?
Производите со декларирана содржина на CBD и отсуство/лимитирано присуство на THC (максимум 0,2%) се категоризирани како гранични производи и се наоѓаат во слободна продажба, без лекарски рецепт. Производите со декларирана содржина над 0,2% психотропен THC претставуваат магистрален препарат за медицински цели, кој се изработува и издава исклучиво по лекарски рецепт, во лиценцирана аптека.
Од кога е дозволена употребата на медицински канабис во Македонија?
Либерализацијата на употребата на канабис во медицински цели во Македонија влезе во сила во јуни 2016 година, со што пациентите добија легален, строго контролиран пристап до препарати од медицински канабис, според докторска проскрипција. Со измените на Законот за лековите од март 2023 година, производите со THC над 0,2% преминаа во статус на магистрални производи, кои се подготвуваат индивидуално во лиценцирани аптеки.
Целата хронологија на регулативата: Од либерализација до магистрален препарат →
Кој смее да пропише магистрален препарат од канабис и за кои медицински индикации?
Препаратот го пропишуваат лекари специјалисти од специјалностите предвидени со закон, преку т.н. „дупли рецепт", како адјувантен третман паралелно со стандардната конвенционална медицина. Законот предвидува примена кај шест медицински индикации: канцер, мултипла склероза, епилепсија, ХИВ/СИДА, невропатска болка и палијативна нега.
Повеќе за индикациите и за адјувантната примена: Кај кои состојби се применува →
Што значи „Full Spectrum" екстракт и зошто е важен?
„Full Spectrum" екстракт значи дека ништо не е одземено ниту додадено од природниот состав на растението, освен прочистување од восоци и масти. Соодносот на CBD и THC во ваквиот екстракт е идентичен со оној во самото растение, со што се задржува целосниот синергизам на сите биоактивни компоненти. Приоритет при изборот на препарат треба да се даде токму на богатството на овие компоненти, а не само на процентот на CBD.
Зошто некои производи се „збогатуваат" со CBD кристали, и дали тоа е добро?
За да се постигне повисока содржина на CBD при задржан максимален праг на THC од 0,2%, некои производители го „збогатуваат" (фортифицираат) природниот екстракт со додадени CBD кристали — природни изолати или, почесто, целосно синтетски кристали, производ на органска синтеза. Со ова се нарушува природниот синергизам: се добива повисока содржина на CBD, но со намалено присуство на сите останати вредни компоненти. Доколку ова не е јасно декларирано, потрошувачот добива производ со преувеличани, најчесто неостварливи очекувани бенефити.
Кои податоци треба да стојат на декларацијата на квалитетен препарат?
Декларацијата треба јасно да наведува дали екстрактот е „Full Spectrum", дали е збогатен со дополнителна количина на CBD и со каква форма (природен изолат или синтетски кристал), како и точниот сооднос помеѓу нив. Значајно е и разграничувањето на киселата (CBDA/THCA) и неутралната (CBD/THC) форма на канабиноидите, наместо само вкупен процент, како и наведување на методот на екстракција, кој мора да е конзистентен за секоја серија на производот.
Целосна листа за проверка пред купување: Како да препознаете квалитетен препарат →
Која е разликата меѓу масло од коноп, масло од медицински канабис и масло од семе од коноп?
Масло од коноп (Hemp Oil) е екстракт од индустриски коноп, со ниско присуство на CBD (до околу 20%) и незначителен THC. Масло од медицински канабис (Medicinal Cannabis Oil) е екстракт добиен најчесто со супер-критична CO₂ екстракција, со и над 85% примарен канабиноид и богат Full Spectrum состав. Масло од семе од коноп (Hemp Seed Oil) е ладно цедено масло кое воопшто НЕ содржи канабиноиди и се користи исклучиво во диететски и козметички цели.
Кои аспекти на безбедност се најважни кај препаратите од медицински канабис?
Клучен аспект на квалитет е отсуството на контаминанти: пестициди, тешки метали, резидуални органски растворувачи, микотоксини и обезбедена микробиолошка чистота. Растителниот материјал треба да потекнува од лиценцирани одгледувачи, а екстракцијата да се врши со методи (пред сè супер-критична CO₂ екстракција со фармацевтски квалитет CO₂) кои не оставаат резидуални растворувачи во финалниот производ.
Зошто да го изберам ОМ Еликсир за магистрална подготовка на препарат од канабис?
ОМ Еликсир е основан токму заради измените од 2023 година, со кои производите со THC над 0,2% преминаа во статус на магистрални производи. Нашата цел е магистрална подготовка на препарати кои содржат екстракти од медицински канабис, наменети за медицински цели, на начин кој ги задоволува сите услови во секоја фаза — онака како што налагаат струката, етиката и законот.
Работиме исклучиво со стандардизирани, лабораториски потврдени Full Spectrum екстракти, со целосна следливост на составот од растението до готовиот препарат, изработен точно според Вашата докторска проскрипција.
Целиот тек на изработката, чекор по чекор: Од растение до магистрален препарат →
Нема прашања во оваа категорија моментално.
ОМ ЕЛИКСИР · МАГИСТРАЛНА ПОДГОТОВКА
Немате одговор на Вашето прашање?
Нашиот фармацевтски тим е достапен да одговори на сите прашања поврзани со магистралните препарати од медицински канабис, составот и докторската проскрипција.
💬 ОМ Еликсир — одговори поткрепени со струка
Скопје · Карпош