Науката зад канабисот: состав, синергизам и терапевтски потенцијал
Состав на медицински канабис, синергизам и терапевтски потенцијал — целосен преглед поткрепен со наука.
Канабисот е растение чија употреба, во вид на различни преработки, е позната уште од времето на древните цивилизации. Со децении беше во целосна прохибиција — денес доживува вистинска демистификација, а неговиот терапевтски потенцијал го споредуваат со потенцијалот на пеницилинот. Прашањето кое се наметнува на глобално ниво е едноставно: дали станува збор за едно од најзначајните откритија во модерната медицина?
Одговорот лежи не во едно единствено соединение, туку во исклучително богатиот состав на медицински канабис — и, пред сè, во начинот на кој неговите компоненти дејствуваат заедно.
01 — СоставСостав на медицински канабис: едно растение, стотици соединенија
Канабисот содржи над 500 познати фитокомпоненти, од кои 120–140 се идентификувани канабиноиди. Во самото растение, тие примарно се присутни во нивната карбоксилирана, кисела, хидросолубилна форма. Со внимателна термичка експозиција, се трансферираат во активна, декарбоксилирана, неутрална форма, растворлива во масти и масла — форма во која постигнуваат подобра ресорпција и поизразен потенцијал.
- 🧬 Терпени, флавоноиди, каротеноиди и фитостероли — биоактивни принципи со изразени антиоксидантни својства.
- 🥑 ~80% незаситени есенцијални масни киселини (омега-6 и омега-3 во сооднос 3:1, помала количина омега-9).
- 💊 Витамини и минерали — A, E, D, B1, B2, B6, C, фолна киселина, сулфур, фосфор, калциум, калиум, железо, цинк.
- 🔬 Едастин — редок протеин, структурно многу сличен со хуманиот имуноглобулин од крвната плазма.
„Природата нималку случајно ги создала сите овие компоненти во едно исто растение.”
Синергизмот: тајната зад потенцијалот
Присуството на CBD, CBG, CBN, CBV, CBDV, CBC и други непсихотропни канабиноиди, заедно со контролираното присуство на delta-9-THC и delta-8-THC, во комбинација со терпените, флавоноидите и фитостеролите — создава изразено синергистичко делување. Токму тој богат синергизам, а не изолирано единечно соединение, е основата на потенцијалот на екстрактите од канабис.
Од овој синергизам произлегува делотворноста на канабисот како адјувантен/дополнителен третман кај повеќе состојби — секогаш во комбинација со, а не наместо, стандардната конвенционална медицина базирана на докази, и секогаш според докторска проскрипција.
Важна напомена: Овие информации се едукативни. Магистралните препарати од медицински канабис со THC над 0,2% се издаваат исклучиво со лекарски рецепт од доктор специјалист, како адјувантен третман паралелно со стандардната терапија. Секогаш консултирајте се со Ваш лекар.
Од науката до магистралниот препарат, изработен според Вашиот рецепт
Во нашата лиценцирана магистрална лабораторија, екстрактите од медицински канабис се обработуваат согласно докторската проскрипција — со целосна следливост на квалитет и состав.
Контактирајте нè за консултација →