Услови за користење
ОМ ЕЛИКСИР · ПОЛИТИКИ НА КОМПАНИЈАТА

Услови за користење

Последно ажурирано: [19.08.2026]

01Општи услови

Условите за користење и продажба можат да бидат променети и без претходна најава. Сите потврдени нарачки ќе бидат доставени согласно условите кои важат во моментот на потврдување на нарачката.

ℹ️

ОМ Еликсир го задржува правото да не испорача препарати врз основа на нарачки со нецелосни и/или неточни информации.

02Законска регулатива

Продажбата на производи преку веб-продавницата на ОМ Еликсир се врши согласно важечката законска регулатива на Република Северна Македонија, вклучително и Законот за лекови и медицински помагала.

Извор Закон за лекови и медицински помагала — Службен весник на РМ, бр. 88 / 28.05.2015
„Се забранува промет преку Интернет со лекови кои се издаваат на рецепт, каков било промет со фалсификувани лекови, како и промет со лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани. Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на идентификација на фалсификуваните лекови, нивното отстранување од промет, информирањето на надлежните институции и медицински центри и нивното уништување."

Согласно наведената законска одредба, магистралните препарати и другите производи кои се издаваат исклучиво на лекарски рецепт не се предмет на онлајн продажба преку веб-продавницата и се издаваат единствено во просториите на аптеката, по приложен рецепт и во согласност со фармацевтските прописи.

ПЗУ ОМ Еликсир — Аптека

Адресаул. Булевар „8-ми Септември" бр. 2, Скопје – Карпош
Телефон078/642-722
Матичен број7908490
Врв