BOSNALIJEK PILFUD лосион за коса 0.02, 60 ml

BOSNALIJEK PILFUD лосион за коса 0.02, 60 ml

530,00 ден

Пилфуд 2% спреј за кожа, раствор кој припаѓа на групата на лекови така наречени анти-алопетици (лекови кои го стимулираат растот на косата).

BOSNALIJEK PILFUD лосион за коса 0.02, 60 ml

530,00 ден

Додади во кошничка
Buy Now
SKU: BSNL-14 Category: Brand:

Пилфуд 2% спреј за кожа, раствор кој припаѓа на групата на лекови така наречени анти-алопетици (лекови кои го стимулираат растот на косата). Лекот се употребува за третман на андрогена алопеција кај мажи и жени на возраст од 18-65 години, затоа што тој го превенира понатамошното губење на коса и го помага повторниот раст на косата.

Производот содржи миноксидил, за кој се смета дека го подобрува дотокот на крв до клетките од кои растат влакната.

Пилфуд 2% растворот најдобро делува кај мажи на кои им опаѓа косата од скалпот. Почетокот на ефектот и степенот на раст на косата може да варираат помеѓу корисниците. Обично на третманот со Пилфуд 2% растворот подобро реагираат помладите пациенти, оние кои пократок временски период имаат проблеми со опаѓање на косата и оние кај кои е зафатена помала површина на главата. Терапијата со лекот Пилфуд 2% веројатно нема да ви помогне ако повеќе години сте без коса или ако со опаѓање на косата е зафатена поголема површина на главата.

Наследниот губиток на коса може да се препознае по:

  • Начинот на опаѓање на косата
  • Почетокот е постепен а потоа состојбата напредува
  • Постои фамилијарна историја на ќелавост
  • Нема други симптоми кои би можеле да се поврзат со опаѓањето на косата.

Пакување: 60 мл

Врв