Benalgin е комбиниран медицински производ чие дејство е базирано на трите негови поедини составни компоненти (метамизол, кофеин и тиамин).
Метамизол ја намалува болката и зголемената телесна температура.
Кофеин има стимулативно дејство врз централниот нервен систем, го потенцира дејството на метамизол и го олеснува неговото продирање во централниот нервен систем.
Тиамин го подобрува метаболизмот.
Benalgin состав:
metamizole sodium 500mg
caffeine 50mg
thiamine 38,75mg
Беналгин се користи за симптоматски третман на болка кај:
главоболка (мигрена, тензиона главоболка)
воспалителни и дегенеративни заболувања на локомоторниот апарат
постоперативни состојби
заболувања на периферниот нервен систем
менструални болки
Како се користи:
Возрасни: 1 таблета 3 пати на ден. Максималната дневна доза не треба да биде повисока од 6 таблети.
Деца од 12 до 16 години: 1/2 – 1 таблета 3 пати на ден. Максималната дневна доза не треба да биде повисока од 4 таблети.
Максимално времетраење на терапијата 3 до 5 дена без консултација со доктор.
Пакување:
20 таблети
BENALGIN TAB. 20TBL
105,00 ден
Benalgin таблети се користи за симптоматски третман на болка кај главоболка (мигрена, тензиона главоболка); воспалителни и дегенеративни заболувања на локомоторниот апарат; постоперативни состојби; заболувања на периферниот нервен систем; менструални болки.
172 in stock
Додади во кошничка
Buy Now
