BOSNALIJEK RHINOSTOP таблети 25,1 mg+2,54 mg +61,20 mg, 10 парчиња

BOSNALIJEK RHINOSTOP таблети 25,1 mg+2,54 mg +61,20 mg, 10 парчиња

240,00 ден

Rhinostop таблети се наменети за олеснување на симптомите на настинка, грип или алергиски ринитис меѓу кои: зголемена секреција од нос, кивање, затнатост на носот и синусите, главоболка, болка во грло, болка во мускули и зглобови, висока телесна температура.

BOSNALIJEK RHINOSTOP таблети 25,1 mg+2,54 mg +61,20 mg, 10 парчиња

240,00 ден

Додади во кошничка
Buy Now
SKU: BSNL-8 Categories: Brand:

Таблетите Риностоп содржат три активни компоненти – парацетамол, псеудоефедрин и хлорфенамин, чии дејства се надополнуваат.

 

Парацетамолот ги ублажува болките и ја намалува зголемената телесна температура.

Псеудоефедрин хидрохлорид делува на малите крвни садови во слузницата на носот предизвикувајќи нивно стеснување, со што се спречува прекумерното лачење на секрет од носот и се ублажуваат симптомите на воспаление на слузницата на носот и синусите.

Хлорфенамин малеат со своето антихистаминско дејство го намалува течењето од носот и назалната конгестија, како и солзењето и пецкањето на очите.

Таблетите Риностоп се употребуваат за подобрување на симптомите при настинка, грип или алергиски ринитис меѓу кои:

  • зголемена секреција од носот;
  • затнатост на носот и синусите;
  • црвенило на носот и очите;
  • печење и солзење од очите;
  • чешање во носот или грлото;
  • кивавица;
  • главоболка;
  • болка во синусите;
  • болка во грлото;
  • болка во мускулите и зглобовите;
  • покачена телесна температура;
  • општа слабост.
Врв