BAYER CANESTEN крема 0.01, 20 g

BAYER CANESTEN крема 0.01, 20 g

330,00 ден

Кремот Canesten е наменет за ефикасно елиминирање на габите на кожата и мукозните мембрани и спречување на нивно повторување.

BAYER CANESTEN крема 0.01, 20 g

330,00 ден

Додади во кошничка
Buy Now
SKU: BAYER-08 Categories: Brand:

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН® КРЕМ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Клотримазол е дериват на имидазол со широк спектар на антигабично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана. Канестен® кремот се
употребува за лекување дерматомикози (габични инфекции на кожата) предизвикани од дерматофити, квасни габи, мувла и други габи (габични инфекции на стапалата и кожата меѓу прстите на нозете, габични инфекции на рацете, габични инфекции на кожата на телото и на кожните ингвинални набори, питиријазис верзиколор) и еритразма. Кај жените се употребува за лекување на габични инфекции на срамните усни и околното подрачје и кај мажите инфекција на главата и кожичката на машкиот полов орган што ја предизвикале квасни габи (кандиден вулвитис и кандиден баланитис).

Што е габична инфекција на стапалата?

Тоа е габична инфекција на кожата предизвикана од габи кои виреат во топли и влажни средини, како соблекувални, тушеви и јавни базени. Одењето боси на овие места ве изложува на поголем ризик. Габичната инфекција на стапалата обично се појавува меѓу прстите на нозете, но може да ги зафати и табаните и страните на стапалата.

Корисно да се знае!

Не мора да сте спортист за да се заразите и не е предизвикана од лоша хигиена. Габичните инфекции на кожата може да бидат непријатни, но во повеќето случаи нема за што да се грижите – лесно се лекуваат.

Вообичаени симптоми на габични инфекции на кожата

  • Црвен осип или плускавци
  • Чешање, пецкање или боцкање
  • Излупена, напукана или лушпеста кожа
  • Испукана, омекната или побелена кожа
  • Непријатен мирис

Врв