Козметички производи изработени во аптека

Козметички производи развиени и изработени во нашата аптека, со внимателно одбрани растителни мацерати и сопствени формулации.

Формулациите ги развива и усовршува нашиот стручен тим — од изборот на растителните суровини, преку изработката на мацератите, до нивното инкорпорирање во соодветна подлога и добивањето на финалниот производ. Традиционалното знаење за растителните состојки го спојуваме со современите фармацевтски принципи и со високи стандарди за квалитет.

Преку меѓусебниот баланс на инкорпорираните растителни суровини, препаратите ја негуваат и омекнуваат кожата, интензивно ја потхрануваат, ја подобруваат нејзината еластичност и видливо го разубавуваат нејзиниот изглед. Сите компоненти се од природно потекло, а формулациите не содржат конзерванси, вештачки ароми и бои.

Козметички препарати изработени во аптека ОМ Еликсир

Пет растителни мацерати

Секој мацерат се добива со топла мацерација на сопствена хербална мешавина и претставува основа за посебна група препарати. Изборот го правиме заедно со Вас, според типот и потребите на Вашата кожа.

1

Calendula officinalis · Helichrysum arenarium · Hypericum perforatum · Symphytum officinale · Achillea millefolium

Calendulae flos, Helichrysi flos, Hyperici flos, Symphyti radix, Millefolii herba

Растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа

Мешавина од пет традиционално користени растенија, погодна за секојдневна нега на сува, дехидрирана и осетлива кожа, независно од возраста. Невенот длабински ја хидрира и ја затегнува кожата, смиљот придонесува за порамномерен тен и го ублажува видливото црвенило, а гавезот ја смирува и ѝ помага да ја задржи влажноста.

Растителни состојки

  • Невен — флавоноиди, каротеноиди, тритерпенски сапонозиди, витамин Ц и Е. Длабински хидрира, ја затегнува кожата и ја намалува видливоста на брчките.
  • Смиљ — етерично масло богато со монотерпени, феноли и флавоноиди. Го подобрува изгледот на зрелата и сува кожа и ги измазнува ситните брчки.
  • Гавез — алантоин, танини и слузи. Ја смирува кожата и помага во задржувањето на влажноста.
  • Кантарион — хиперицин, хиперфорин, флавоноиди. Пријатно ја смирува сувата и осетлива кожа.
  • Ајдучка трева — етерично масло со алфа-пинен и цинеол, флавоноиди и сесквитерпени. Благопријатно делува на осетлива кожа.

Препарати од овој мацерат

  • Растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа
  • Мелем со растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа
  • Емулзија со растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа
  • Крема со растителен маслен мацерат за нега на сува, иритирана и воспалена кожа
  • Крема со растителен маслен мацерат за нега и потхранување на сува, иритирана и воспалена кожа
↑ Назад на почеток
2

Calendula officinalis · Helichrysum arenarium · Symphytum officinale · Lavandula officinalis · Rosmarinus officinalis

Calendulae flos, Helichrysi flos, Symphyti radix, Lavandulae flos, Rosmarini folium

Растителен мацерат за нега и разубавување на кожа

Мешавина наменета за зрела, сува и дехидрирана кожа. Компонентите поддржуваат обнова на кожата и ѝ даваат позатегнат и посвеж изглед. Лавандата и рузмаринот, покрај пријатната арома, ја освежуваат кожата и го подобруваат нејзиниот тонус.

Растителни состојки

  • Невен — регенерира, длабински хидрира и ја затегнува кожата; ја намалува видливоста на брчките.
  • Смиљ — го подобрува изгледот на зрелата кожа и ги измазнува ситните брчки.
  • Гавез — алантоин и слузи; ја смирува кожата и ја одржува нејзината влажност.
  • Лаванда — линалоол, линалилацетат и терпени со антиоксидативно дејство.
  • Рузмарин — флавоноиди, терпеноиди и розмаринска киселина; ја освежува кожата и го подобрува нејзиниот тонус.

Препарати од овој мацерат

  • Растителен мацерат за нега и разубавување на кожа
  • Мелем за нега на сува и дехидрирана кожа околу очи со растителен маслен мацерат
  • Хидратантна крема со растителен маслен мацерат за нега на дехидрирана кожа со anti-age ефект
  • Ноќна крема со растителен маслен мацерат за сува и дехидрирана кожа со anti-age ефект
  • Емулзија со растителен маслен мацерат за лице со дехидрирана кожа со anti-age ефект
↑ Назад на почеток
3

Lavandula officinalis · Ocimum basilicum · Juniperus communis · Rosmarinus officinalis

Lavandulae flos, Basilici folium, Juniperi fructus, Rosmarini folium

Растителен маслен мацерат за нега на масна и проблематична кожа

Мешавина наменета за нега на мрсна и проблематична кожа склона кон акни. Состојките ја чистат и ја тонираат кожата, го ублажуваат видливото црвенило и придонесуваат за поизедначен изглед на тенот. Босилекот помага во регулирање на мастноста, а смреката придонесува за стеснување на порите.

Растителни состојки

  • Лаванда — линалоол и терпени со антиоксидативно дејство; погодна за мрсна и осетлива кожа.
  • Босилек — етерично масло со еугенол и линалол, флавоноиди и танини. Чисти, тонира и го ублажува видливото црвенило.
  • Смрека — монотерпени (α-пинен, сабинен, мирцен, терпинен-4-ол), флавоноиди и танини. Адстрингентно дејство; помага при мрсна кожа и придонесува за стеснување на порите.
  • Рузмарин — розмаринска киселина и терпеноиди; ја освежува кожата и ја стимулира микроциркулацијата.

Препарати од овој мацерат

  • Растителен маслен мацерат за нега на масна и проблематична кожа
  • Мелем со растителен маслен мацерат за нега на масна и проблематична кожа
  • Емулзија со растителен маслен мацерат за нега на масна и проблематична кожа
  • Крема со растителен маслен мацерат за нега на масна проблематична кожа
↑ Назад на почеток
4

Helichrysum arenarium · Hypericum perforatum · Achillea millefolium

Helichrysi flos, Hyperici flos, Millefolii herba

Растителен маслен мацерат за нега и третман на кожа со лузни

Мешавина од три традиционално користени растенија, наменета за нега на кожа со видливи неправилности во текстурата и тонот. Компонентите ја подобруваат хидратацијата, поддржуваат обнова на кожата и придонесуваат за помазен и поизедначен изглед.

Растителни состојки

  • Смиљ — етерично масло богато со терпенски соединенија, камазулен и флавоноиди; поддржува обнова и придонесува за помазен изглед на кожата.
  • Кантарион — хиперицин, хиперфорин и флавоноиди; ја смирува сувата и напната кожа.
  • Ајдучка трева — етерично масло, флавоноиди и сесквитерпени; благопријатно делува на осетлива кожа.

Препарати од овој мацерат

  • Растителен маслен мацерат за нега и третман на кожа со лузни
  • Мелем со растителен маслен мацерат за нега и третман на кожа со лузни
  • Емулзија со растителен маслен мацерат за нега и третман на кожа со лузни
  • Крема со растителен маслен мацерат за нега и третман на кожа со лузни
↑ Назад на почеток
5

Calendula officinalis · Hypericum perforatum · Achillea millefolium · Rosmarinus officinalis

Calendulae flos, Hyperici flos, Millefolii herba, Rosmarini folium

Растителен маслен мацерат за нега на проблематична кожа

Мешавина наменета за интензивна нега на многу сува, испукана и напната кожа, независно од возраста. Компонентите ја потхрануваат и ја смируваат кожата, ѝ помагаат да ја задржи влажноста и придонесуваат за повидливо смирен и покомфорен изглед.

Растителни состојки

  • Невен — флавоноиди, каротеноиди и витамини Ц и Е; длабински хидрира и ја смирува кожата.
  • Кантарион — хиперицин, хиперфорин и сапонозиди; погоден за сува и напната кожа.
  • Ајдучка трева — етерично масло, флавоноиди и сесквитерпени; благопријатно делува на осетлива кожа.
  • Рузмарин — розмаринска киселина и терпеноиди; ја освежува кожата и го подобрува нејзиниот тонус.

Препарати од овој мацерат

  • Растителен маслен мацерат за нега на проблематична кожа
  • Мелем со растителен маслен мацерат за нега на проблематична кожа
  • Емулзија со растителен маслен мацерат за нега на проблематична кожа
  • Крема со растителен маслен мацерат за нега на проблематична кожа
↑ Назад на почеток

Од што се изработени препаратите

  • Мацерат добиен со топла мацерација на хербална мешавина
  • Кокосово масло за козметичка намена
  • Shea Butter за козметичка намена
  • Cera alba (пчелин восок)
  • Неутрална хидрофилна подлога со лосионска конзистенција
  • Неутрална хидрофилна подлога со крем конзистенција
  • Витамин Е (токоферол), раствор во масло
  • Коензим Q10, раствор во масло

Секој препарат се изработува кај нас

Изборот на мацерат и подлога зависи од типот и моменталните потреби на Вашата кожа. За да Ви помогнеме да го изберете препаратот кој најмногу одговара на Вашите потреби, Ви препорачуваме кратка консултација со нашиот фармацевт — телефонски или во аптеката. По консултацијата, препаратот се изработува во нашиот специјализиран простор за магистрална подготовка и може да се нарача преку нашата онлајн продавница.

Закажете консултација
Врв