Сите производи се клинички и дерматолошки тестирани и се развиени во соработка со педијатри и со дерматолози. Изработени се од врвни суровини со потврден квалитет, кој соодветствува со европските директиви за квалитетен производ, наменет за нега на детската кожа. Производствениот процес е подложен на постојана проверка на влезните материјали и на готовиот производ, и се одвива во согласност со GMP-стандардите (Good Manifacturing Practice), стандарди на добра производствена практика, највисоки во оваа индустрија. Носечки сегмент на портфолиото се производите наменети за нега и за заштита на бебешката и детска кожа со исклучително благи формулации, изработени според уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето.
ALKALOID BECUTAN СО БАДЕМ сапун , 90 g
49,00 ден
Becutan Детски сапун со бадем – Нежно ја чисти и истовремено ја негува кожата. Содржи внимателно избрана комбинација на состојки со природно потекло кои имаат хидратирачки својства, ја регулира влажноста на кожата и ги подобрува нејзиниот изглед и функција.
Додади во кошничка
Buy Now
